Надал кажа во кој случај не би настапил на Ролан Гарос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал треба допрва да донесе одлука дали ќе игра на Ролан Гарос.

Надал во моментов игра на мастерсот во Рим, но сè уште не знае дали ќе настапи на својот омилен турнир.

„Овие натпревари не го менуваат мојот став за настапот во Париз, но одлуката за Париз ќе ја донесам по турнирот во Рим. Не сакам да играм во Париз без чувство дека можам да парирам на ривалите. Ќе дадам сè од себе и ќе видиме што ќе се случи“, кажа Надал.