Ѓаволите го пуштија за џабе, а сега даваат мало богатство да го вратат


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Иако протроши вистинско богатство на засилувања, Јунајтед не игра во склоп на очекувањата,

    Поради тоа веќе тргнаа шпекулации за нови трансфери.

    Како најголем недостаток на Јунајтед се наведува недостаток на плејмејкер.

    Погба, иако е платен рекордни 105 милиони евра, ги нема тие квалитети, додека транзицијата на Руни позиција „десетка“ не се покажа како идеално решение.

    Третиот стандарден член на средниот ред Фелаини повеќе е дефанзивно ориентиран.

    Според пишувањата на англиските медиуми, Мурињо таа позиција планира да ја покрие со Дани Дринквотер, играчот за врска на актуелниот шампион Лестер Сити.

    За таа зделка е спремен да издвои дури 35 милиони €, што би било втор случај во оваа сезона Јунајтед да даде богатство за играч кој го пушти богатство.

    Првиот случај е Погба кој кариерата ја почна во Јунајтед, кој бесплатно го пушти во Јувентус после истекот на договорот.

    Дринквотер, е роден во Манчестер, ја помина младинската школа на Јунајтед и играше за резервната  и младата екипа.

    Дебито за првата екипа никогаш не дочека, а единствен пат кога се најде во составот е од клупата кога го гледаше натпреварот против Хал Сити.

    26-годишниот Дринквотер е разновиден играч за врска со одлични долги топки, кој знае да одигра клучно додавање кое создава шанса за гол.