Последна сезона и за играч на Клиперс


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Крилото на Клиперс, Пол Пирс најави дека ќе ја одигра последната сезона во кариерата, по што ќе замине во пензија.

    38-годишниот ветеран ќе ја игра 19-та сезона во професионалната кариера во НБА, во која 15 години играше за Бостон, а освен за нив, тој играше уште и за Бруклин, Вашингтон, а во Клиперс е од минатата сезона.

    Пирс со Бостон ја освои титулата во 2008 година во тим со легендарните Гарнет и Ален, 10 пати беше учесник на ол-стар, а на листата на најдобри стрелци е на 16-то место со 26316 поени.

    Врвот на кариерата го достигна во 2008 година кога беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија против Лејкерс.