Продолжува со победи: Вознијацки не знае за одмор


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Поранешната најдобра тенисерка, Вознијацки ја продолжи својата серија, откако со 2:0 во сетови ја победи Стосур на Вухан во Кина.

    По само 48 часа откако ја освои својата прва титула во Токио, таа повторно заигра и ја постигна 6-та победа по ред.

    Овој пат „жртва“ беше Стосур. Нареден противник ќе и биде тенисерката од Чешка, Синијакова.

    Халеп за помалку од 70 минути стигна до 3-то коло, откако ја победи Бегу, која го предаде натпреварот, при негатива во вториот сет, откако првиот го изгуби.

    Квитова со 6:1 и 6:3 успеа да ја победи Остапенко и во наредно коло игра со Свитолина.