„Можеби ќе останам и по 2018-та година“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Валентино Роси призна дека размислува за тоа да ја продолжи својата кариера во Мото ГП и по 2018-та година.

    Италијанецот тоа го откри неколку денови откако шефот на тимот, Галбусер изјави дека никој не може да гарантира дека „Докторот“ се пензионира за 2 години, иако тој така најави.

    Роси ќе има 39 години кога ќе заврши сезоната во 2018-та година, а тоа значи дека ако потпише нов 2 годишен договор, ќе ја заврши кариерата неколку месеци пред својот 42-ри роденден.

    „Ќе биде голема штета кога Роси конечно ќе се пензионира. Мислам дека во наредните години ќе биде на исто ниво и тогаш ќе видиме дали ќе се повлече или не. Според мене, тоа не е сигурно.“

    Со оваа изјава се сложи и Роси.

    „Веќе станувам параноичен кога размислувам дека морам да се повлечам на крајот на 2018. Навистина сакам да имам долг проект – оваа сезона, наредната и после таа. Тогаш сериозно ќе размислам за се и ќе ја донесам одлуката. Тоа ќе зависи и од моите резултати.“

    Роси моментално е на 2-ро место во генералниот пласман со 52 бодови помалку од Маркез, а до крајот има само 4 трки.