Милан може да го победи Јуве, но не и Џенова – Дебакл на росонерите на Луиџи Ферара


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Во единствениот натпревар од десетото коло во Серија А одигран на Луиџи Ферара, тимот на Џенова славеше против Милан со убедливи 3:0.

    Домашните навивачи се израдуваа по единаесет минути игра. Ринкон испрати центаршут, а Никола Нинковиќ со глава го совлада Џанлуиџи Донарума. На полувреме домашните заминаа со минимална предност. Во 56-та минута нов проблем за росонерите. Габриел Палета доби директен црвен картон и од тој момент Милан играше со фудбалер помалку на теренот. Асистентот за првиот погодок, Ринкон на дваесетина минути до крајот на натпреварот шутираше непрецизно. Фудбалерот на Милан, Јурај Кучка постигна автогол за зголемување на водстовото на Џенова. Конечните 3:0 ги постави резервата Паволети во 86-та минута. Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев остана на клупата за резерви.

    После десет одиграни кола Милан има 6 победи, 1 реми и 3 порази. Фудбалерите на Џенова им се радуваа на четвртата победа оваа сезона во Серија А.