Вардар потпиша со летонски џин


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Летонскиот репрезентативец, Даинис Кристопанс кој е десен бек потпиша 3-годишен договор со Вардар.

    Највисокиот ракометар во ЛШ реши кариерата да ја продолжи во македонскиот шампион. Репрезентативецот на Летонија ќе го замени Алекс Душебаев кој ќе си замине по крајот на сезоната.

    Пет години играше во Словачка во Татран Прешов, па направи трансфер во Катар, а потоа потпиша за белорускиот Мешков Брест.

    „Секогаш е задоволство кога можеш да потврдиш дека сте успеале да донесете играч кој е веќе докажан, но се уште може да напредува и заедно да се радуваме на нови победи. Даинис Кристопанс доаѓа во Вардар како големо засилување за тимот, не само во нападот туку и во одбрана. Веруваме дека неговото доаѓање ќе придонесе за уште подобра игра на екипата, и во одбрана и напад, а тој ќе ги покаже сопствениот раскошен талент и квалитети“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

    „Минав две извонредни години во Брест каде имав мотивиран и перспективен тим. Сега е време за продолжување натаму во мојата професионална кариера и затоа најмногу го одбрав Вардар. Имаше многу други заинтересирани топ клубови, од Германија, Шпанија, Унгарија, Белорусија. Но, Вардар му понуди најдобри услови за унапредување како професионалец, и Вардар е еден од најамбициозните клубови во светот во моментов“, изјави Кристопанс.