АТП листа: Федерер по 14 години надвор од топ 10, Мареј е на врвот!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    АТП ја објави новата листа на најдобро рангирани играчи во светот. Листа која во Англија со нетрпение ја чекаа и чиј изглед го знаевме уште пред 2 дена.

    Од понеделник, 7 ноември најдобар тенисер на планетата е Енди Мареј кој го премина Ѓоковиќ на првата позиција и сега има 405поени предност. Енди Мареј има 11.185, а Ѓоковиќ 10.780 поени.

    Станислав Вавринка остана на 3-то место со 5.115 поени додека Раониќ и покрај тоа што се предаде во ½-финалето во Париз напредуваше за една позиција. 5-то место е Кеи Нишикори со 345 бодови зад играчот од Канада.

    Напредок за едно место имаше и Гаел Монфилс додека Марин Чилиќ со одличните игри во последните неколку недели обезбеди напредок од 3 позиции и сега е на 7-мо место.

    На 8-мо место е Рафаел Надал, а Тим сега е 9-ти додека на 10-то место е Бердих.

    По 14 години Роџер Федерер не се наоѓа помеѓу 10-те најдобри на светот. Роџер падна 7 позиции и сега е на 16-то место, а пред него се Гофин, Цонга, Киријос, Агут и Пуи.

    Карловиќ остана на 20-то место, а со 55 бодови пред него се наоѓа Џон Иснер кој напредуваше за 8 позиции.