Соколите остануваат без победа – ФМП лесно го совлада вториот македонски АБА лигаш


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Кошаркарите на ФМП на домашен терен го совладаа Карпош Соколи со 67:62 во натпревар од осмото коло од АБА лигата.

    Соколите на стартот имаа водство од пет коша, 4:9. До крајот на првата четвртина домашните кошаркари направија пресврт и ја добија со два поени, 18:16. Втората четвртина донесе доминација на кошаркарите на ФМП и двоцифрена предност, 34:23. На полувреме ФМП замина со предност од пет поени, 36:31. Следуваше подобра игра на домашните кошаркари, 39:32. Соколите успеаа да израмнат, 39:39, но потоа одиграа лошо и домашните зголемија на осум поени предност, 51:43. Во последните десет минути од натпреварот се влезе со резултат, 53:46. Соколите во последниот дел од натпреварот намалија на два поени, 55:53. ФМП направи серија од шест коша и го врати водството од осум поени, 61:53. Српскиот тим славеше на крајот со 67:62.

    Човиќ со 22 поени го предводеше ФМП до победа. Двоцифрен натпреварот го заврши и Кутлешиќ кој постигна 12 поени. Кај Карпош Соколи Лабовиќ беше најефикасен со 13 поени. Ричардс постигна 13, а Пери го заврши натпреварот со 12 поени, а двоцифрен беше и Врбанц, 10 поени.