Металург лесно си помина со аутсајдерот – Одлична самодоверба пред големиот тест


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург славеа во салата Борис Трајковски во натпревар од СЕХА лигата против аутсајдерот Извиѓач со 36:22.

    Се играше израмнето се до петнаесетата минута на натпреварот. Ракометарите на Металург со трите погодоци на Костески и по еден на Кузмановски и Велковски стигнаа до водство од пет погодоци, 11:6. Расположениот Костески и Пешевски постигнаа два погодоци во серија за зголемување на водството на шест погодоци, 13:7. Металург преку погодоците на Кузмановски и Обрадовиќ ја зголеми предноста на седум погодоци, 15:8. Во последните две минути од првото полувреме Обрадовиќ и Илиќ постигнаа два погодоци во серија за водство од осум погодоци, 18:10. На полувреме клубот од Автокоманда замина со предност од седум погодоци, 18:11. Во второто полувреме повторно доминација на ракометарите на Металург. Домашните од 50-та до 52-ра минута постигнаа четири погодоци во серија, Палевски 2, 1 Кузмановски, 1 Дрогришки за водство од 30:18. Југуриновски, Неловски и Палевски во последните минути од натпревар постигнаа три погодоци во серија на Металург за огромна предност од 33:19. Металург на крајот славеше со 36:22.

    Костески со шест погодоци беше најефикасен во тимот на Металург.. Илиќ и Обрадовиќ постигнаа по пет погодоци. Палевски и Кузмановски го завршија натпреварот со по 4 погодоци. Јарак кај Извиѓач беше најефикасен со пет погодоци.

    Металург во следното коло ќе го игра македонското Ел Класико против Вардар во Јане Сандански.