Франк де Бур експресно најде нов ангажман?


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Холандскиот стручнак Франк де Бур во минатата недела доби отказ на клупата на Интер поради серија на лоши резултати.

    Де Бур на клупата на Интер стигна непосредно пред почетокот на новата сезона, и не успеа да ги одработи ни подготовките со новиот тим.

    Иако добро ја отвори сезоната Интер “падна“ во криза со лоши резултати, а цехот на крајот го плати холандскиот стручнак кој доби отказ.

    Сепак, се чини дека Де Бур нема долго да остане без работа бидејќи се шпекулира дека својата тренерска кариера ќе може да ја продолжи во Турција.

    Наводно, за услугите на овој тренер заинтересиран е Галатасарај кој веќе го контактираше Холанѓанецот.

    На клупата на Галата моментално се наоѓа уште еден холандски стручнак, Јан Олде Риекеринк, но челниците на клубот не се задоволни со неговите резултати.

    Како што пренесуваат турските медиуми Де Бур веќе за неколку недели може да добие работа во Галата.