Роналдо именуваше тројца фудбалери кои ќе владеат во Европа


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Еден од најдобрите фудбалери на светот Кристијано Роналдо за шпанските медиуми зборуваше за фудбалерите од кои во иднина може да се очекува.

    На прашањето кој го гледа на врвот на европскиот фудбал во времето кое доаѓа, Роналдо наброи тројца сонародници на кои им предвидува блескава кариера.

    „Во Европа моментално има многу таленти, но јас ќе споменам тројца: Ренато Санчез, Андре Гомеш и Жоао Марио. Да, сите се Португалци, но не се единствени од кои многу се очекува. Мило ми е што во фудбалот се појавија некои нови таленти кои ќе ја сочинуваат една нова генерација на најдобри фудбалери на светот кога ќе дојде нивното време“, рече Роналдо, кој потоа одговори на прашањето може ли некој да биде „новиот Кристијано Роналдо“.

    „Не може. Никој од нив нема да биде новиот Кристијано Роналдо, веќе она што се , со своето име и презиме“. Санчез, Гомез и Марио во летото направија големи трансфери и ги засилија Баерн, Барселона и Интер, а ќе биде интересно да го следиме нивниот развој.