Коста со фантастичен погодок го среди ВБА – Челси и Конте продолжуваат да газат во ПЛ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси славеа на Стемфорд Бриџ со 1:0 против ВБА во натпревар од петнаесетото коло од ПЛ.

Гостите во првото полувреме се заканија преку Бант и Рондон, но нивните удари беа непрецизни. Пред крајот на првото полувреме Бен Фостер му одбрани удар на Давид Луиз. Конечно погодок на натпреварот видовме во 76-та минута. Напаѓачот на Челси, Диего Коста постигна фантастичен погодок за водство на сините. Три минути пред крајот на натпреварот Фостер одлично му одбрани на Маркос Алонсо. Челси на крајот славеше минимално, но доволно за задржување на лидерската позиција.

Шеста победа во низа за избраниците на Антонио Конте.

Челси во следното коло му гостува на Сандерленд, а ВБА на домашен терен ќе го пречека Свонси.