Бундеслигата: Минута молк за сите загинати во Берлин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Германија соопшти дека во пресрет на претстојните натпревари во Бундеслигата ќе се одржи минутно молчење во чест на загинатите во нападот во Берлин.

„Сакаме да покажеме солидарност. Сите сме вознемирени во врска со она што се случи во понеделникот вечерта“, се наведува во соопштението на DFL.

Во центарот на Берлин во понеделникот загинаа 12 луѓе, а 48 се повредени кога камион удрил во штандовите на Божиќниот саем.

Натпреварите од 16. коло во Бундеслигата се играат во среда и четврток, меѓу кои и натпреварот во Берлин помеѓу Херта и Дармштат.

Во пресрет на натпреварите ќе се одржи едно минутно молчење, а фудбалерите ќе носат црни ленти.

Присуството на полицијата ќе биде засилено, а некои полицајци ќе имаат и автоматско оружје, што не е честа појава, најави портпаролот на полицијата во Франкфурт.