За овие два играчи Мурињо ќе потроши речиси 90 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се поблиску ни е јанураскиот трансфер период, а со него и многуте шпекулации. Во врска со трансфер на „Олд Трафорд“ има две имиња.

Манчестер Јунајтед најверојатно ќе добие две големи засилувања, едно во јануари и едно на лето. Интересно е тоа што и двајцата се играчи на Бенфика.

Британските медиуми тврдат дека Јунајтед во јануари ќе се обиде да го донесе Виктор Линделоф, а за 22-годишниот Швеѓанец се подготвени да платат 45 милиони евра. Така, овој млад фудбалер ќе стане и најскапиот играч во историјата на португалскиот клуб.

Освен него, на „Олд Трафорд“ следното лето би можело да пристигне и десниот бек, исто така 22-годишен, Нелсон Семедо. За него португалскиот тим би требало да заработи 41 милиони евра, што сигурно ќе биде одлична работа.