Изненадување на листата на Енрике, ова е знак дека дефинитивно нешто не штима!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона вечерва гостува на тешкиот ривал Виљареал, а на списокот меѓу 18 играчи го нема Иван Ракитиќ!

Каталонските медиуми ја пренесуваат оваа вест како големо изненадување со јасен знак дека дефинитивно не штима меѓу Ракитиќ и Луис Енрике.

Хрватот во неколку наврати во оваа сезома беше надвор од тимот, местото најчесто го заземаше Андре Гомеш, или Денис Суарез.

Се шпекулираше дека Ракитиќ е незадоволен откако клубот во летото доведе голем број на играчи во средниот ред.

Конкуренцијата е пресилна, покрај незаменливиот Иниеста, тука се и петмина играчи – Ракитиќ, Рафиња, Арда Туран, Андре Гомеш и Денис Суарез.

Ќе видиме што ќе се случува во наредниот период, сега е јасно дека Иван Ракитиќ ја загуби довербата поради што нема да биде ни на клупата вечерва од 20:45.

Инаку, надвор од тимот и овој пат остана Алеиш Видал кој дефинитивно ќе ја напушти Барса во оваа зима.