Кире Лазаров – Не сум задоволен, но победата е важна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија го започна СП во Франција со победа против Тунис, 34:30.

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров ја предводеше Македонија до победа, но и покрај тоа беше нездоволен после натпреварот.

„Сакам да му честитам на моите соиграчи. Иако имавме негатива од четири погодоци се вративме и победивме. Искрено не сум задоволен и мислам дека можеме да поправиме многу работи. Сакам да му честитам на неколку соиграчи помеѓу кои се Стоилов и Миркуловски кои дадоа се од себе во текот на 60-те минути и тоа не е лесно кога за противник ја имате репрезентацијата на Тунис“, изјави Лазаров.

Следниот натпревар на репрезентацијата на Македонија е во сабота кога од 20:45 играат против Ангола.