Србинот Пешиќ е најново засилување на Охрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Охрид игра одлично оваа сезона, а македонскиот суперлигаш веќе мисли и на следната сезона, па затоа си договорил поранешен ракометар на Веспрем.

„Балкан-Хендбол“ објави дека 32-годишниот ракометар на Војводина, Живан Пешиќ е договорен од страна на Охрид за следната сезона.

Пешиќ во кариерата играше за Веспрем, Целје, Адемар Леон, Нексе, Партизан и Хапоел Ришон, а го носеше и дресот на српската репрезентација.