Манчестер против Ливерпул – Ова се составите кои се очекуваат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во недела, 15 јануари, се среќаваат Манчестер Јунајтед и Ливерпул во големото дерби на англискиот фудбал.

Дали сте спремни?

Ако не сте, сеуште имате време да се подготвите за дерби мечот Манчестер Јунајтед и Ливерпул на Олд Трафорд во недела.

Што се однесува до вестите од двете екипи, повеќе проблеми има со изостанување има екипата на Јирген Клоп.

Екипата на Ливерпул ќе оди во гости на Манчестер Јунајтед без капитенот Хендерсон, Садио Мане кој е АКН, а Жоел Матип е повреден.

Значи, дури тројца стартни состави од Ливерпул, тоа е голем удар за Јирген Клоп.

Од друга страна, Манчестер Јунајтед игра во одлична форма, а Мурињо нема да може да смета на Маркос Рохо и Ерик Бејли, двајца одбрамбени фудбалери.

Еве ги и стартните состави кои ги очекуваме во недела:

Манчестер Јунајтед: Де Геа – Валенсија, Џонс, Смолинг, Блинд – Керик, Погба, Михтаријан, Руни – Ибрахимовиќ.

Ливерпул: Мињоле – Клајн, Ловрен, Клаван, Милнер – Чан, Вајналдум, Лалана – Кутињо, Фирмино, Ориги.

Манчестер Јунајтед победи во последните шест мечеви, може ли да продолжи во ист ритам?