Во Скопје падна и поранешниот европски шампион – Соколи во финишот ја совлада Цибона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи  ја совлада Цибона во Борис Трајковски со 76:70 во натпревар од 18-то коло од АБА лига.

Првата четвртина се играше израмнето. Пред крајот на првите десет минути од натпреварот кошаркарите на Цибона погодија две слободни фрлања за 15:17.

Гостите првата поголема предност во натпреварот ја имаа на почетокот на втората четвртина кога Рејнолдс погоди тројка за 21:25. Соколите ја намалуваа предност, стигнаа до еден поен, 33:34. Со погоденото слободно фрлање на Сулејмановиќ, Цибона замина на полувреме со предност од  два поени, 33:35.

Четирите поени во низа на Лабовиќ на почетокот на третата четвртина по подолго време му донесоа предност на Карпош Соколи, 37:35. Трајковски погоди за два поени за 42:39. Гостите направија серија и го вратија водството, 42:43. Водствата се менуваа се до финишот на третата четвртина кога Пери постигна кош за водство на соколите од два поени, 54:52 пред почетокот на последните десет минути од натпреварот.

Во последната четвртина имаше многу менувања на водствата. Петте на Трајковски и двата поени на Зековиќ  и Пери една минута пред крајот на натпреварот му донесоа водство на Карпош Соколи од 7 поени, 71:64.

Карпош Соколи на крајот славеше со 76:70 за шеста победа во АБА оваа сезона.

Пери го предводеше Карпош Соколи со 20 поени до победа. Трајковски додаде 19, Зековиќ 13, а Лабовиќ 12 поени. Сулејмановиќ беше најефикасен во тимот на Цибона со 15 поени.