„Не сум задоволен со Џеко!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Рома утре ќе играат во натпреварот од купот на Италија против Сампдорија.

Тие во оваа средба влегуваат со минимална и тешка победа против Удинезе од 1:0, но и покрај големиот број на натпревари во мал период, Спалети нема да го менува тимот.

„Некогаш му кажувам, но не го критикувам. Играше добро во Удинесе, но потоа промаши голем број шанси. Не сум задоволен со тоа, бидејќи мора тој да постигнува голови. Му реков, дека ако има 5 одлични шанси, а постигне 2 голови, не може да биде задоволен со тоа.“

„Не смеам и нема многу да го менувам тимот. Се бориме за три трофеи, сите три ни се важни и нема да има многу измени во тимот. Не смееме да згрешиме, едноставно мора да победиме.“

Рома во недела во 21-то коло во Серија А игра каj Каљари.