На денешен ден: 16 годишниот Паоло Малдини дебитираше за Милан

0

Фудбалер кој засекогаш ќе остане во сеќавање на навивачите на Милан, како и на спортската јавност како играч кој животот го посвети во овој клуб, Паоло Малдини, на денешен ден во 1985 година дебитираше за првиот тим на Милан против Удинезе.

Тогаш имаше само 16 години. За Милан играше од 1985 до 2009 година и за тоа време собра 647 настапи и како одбранбен фудбалер постигна 29 голови.

Беше еден од носителите на играта долго низ годините и секкао еден од највпечатливите играчи на овој клуб во минатиот и почетокот на новиот век.

За репрезентацијата на Италија одигра 126 натпревари и седум пати беше стрелец.

Share.