Соколи дома ништо не ги победува – Победија во македонското дерби против МЗТ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи победија во македонското дерби против МЗТ Скопје со во натпревар од 19-то коло во АБА лигата, 77:74.

Соколите започнаа со серија до 4:0. МЗТ Скопје за прв пат водство на натпреварот имаше три минути пред крајот на првата четвртина, 10:12. После првата четвртина МЗТ имаше водство од три поени, 14:17.

Кошаркарите на Карпош Соколи на почетокот на втората четвртина направија пресврт, 22:17. Се менуваа водствата подоцна на двете страни, а на полувреме МЗТ имаше предност од три поени, 31:34.

Домашните три минути пред крајот на третата четвртина имаа водство од пет поени,45:40. МЗТ со четири коша во серија намалија на 45:44. Со погодените две слободни фрлања на Сепа, Карпош Соколи пред последните десет минути од натпреварот имаа водство од три поени, 49:46.

Последните минути од последната четвртина беа возбудливи. МЗТ имаше водство од 58:63. Минута пред крајот на натпреварот Трајковски и Вркиќ погодија за водство на Карпош Соколи, 68:66. Мавра потоа постигна тројка за 71:66. Карпош Соколи на крајот победи со 77:74.

Мавра го предводеше Карпош Соколи до победа со 19 поени. Трајковски постигна 17, Лабовиќ 15, а Вркиќ 11 поени. Кај МЗТ најефикасен беше Лалиќ со 22 поени.