Долгот на Јунајтед е зголемен за 85 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долгот на Манчестер Јунајтед, е зголемен за речиси 85 милиони евра и моментално изнесува нешто преку 480 милиони евра.

Тоа го потврди финансискиот извештај кој клубот го прави на секои три месеци.

Извештајот покрива период од 31 декември 2016 година и покажува дека вкупниот долг е зголемен за 27,1 % од септемри 2016 година до крајот на календарската година.

Во Јунајтед велат дека голем дел во зголемувањето на долгот има и падот на британската фунта од референдумот, како и фактот дека американскиот долар се засили.

„Задоволни сме што се натпреваруваме за првиот трофеј во сезоната бидејќи ќе патуваме на Вембли каде што во финалето на ЕФЛ купот ќе играме со Саутемптон. Голем дел од нашите деловни модели продолжуваат да се отсликуваат на финансискиот извештај, се надеваме дека ќе имаме и рекорден приход“, рече потпретседателот Ед Вудворд.