„Милан? Можеби еден ден“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот украински фудбалер, а денеска селектор на таа репрезентација, Андриј Шевченко, откри дека во иднина сака да биде тренер на Милан.

За време на играчката кариера, Шевченко одигра 322 натпревари за Милан и постигна 175 погодоци, а на крајот на крие дека сака да се врати на Сан Сиро во новата улога.

„Моментално сум фокусиран исклучиво на Украина, но ќе видиме што носи иднината.

Можеби еден ден ќе станам тренер на Милан, никогаш не се знае. Тој клуб секогаш ќе остане во моето срце“, започна Шевченко, кој потоа го искоментира сегашниот тренер на Росонерите:

„Мислам дека Винченцо Монтела е одличен тренер, а таков беше и како напаѓач. Сметам дека работи добри работи и дека пополека ја склопува екипата со добар стил на игра. Милан со него се врати на високо ниво, сезоната ја започна одлично и беше неизбежно дека ќе дојде до пад. Не е тоа ништо страшно“.

На прашањето кој ќе биде шампион на Италија, Шевченко „одговори како од топ“.

„Јувентус, нормално. Тие имаат најдобра екипа и интелегиентен тренер како што е Алегри.

Ќе видите дека нема да играат ништо послабо во Серија А сега кога ќе продолжи Лигата на шампионите. Едноставно, најсилни се во Италија“.