Миктаријан го победи Ст.Етиен и се повреди – Јунајтед продолжува во 1/8 финале (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одиграа три натпревари од 1/16 финалето во ЛЕ.

Манчестер Јунајтед го победи Ст.Етиен на гости минимално, 0:1.

Во 17-та минута од натпреварот Миктаријан погоди за водство на црвените ѓаволи.

Бејли во второто полувреме доби црвен картон и гостите останаа со 10 фудбалери на теренот. Ст.Етиен и со фудбалер повеќе на теренот не постигна погодок, па Јунајтед на крајот се радуваше.

Манчестер Јунајтед со вкупен резултат 0:4 се пласира во 1/8 финале.

Во останатите натпревари Фенербахче ремизираше на домашен терен против Краснодар, 1:1 и го заврши натпреварувањето во ЛЕ, а Шалке и Паок ремизираа на Велтинс, 1:1. Шалке продолжува во осминафинале.