Манџукиќ и Сандро ја продолжија победничката серија на Јувентус – Бјанконерите славеа против Емполи (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус на домашен терен го победија минимално Емполи во натпревар од 26-то коло во Серија А.

После пет минути игра Игуаин се закани по голот на гостите, но голманот Скорупски го одбрани неговиот удар. Неколку минути подоцна Манџукиќ пропушти огромна шанса за водство на бјанконерите.

Манџукиќ до крајот на првото полувреме не претвори неколку шанси за погодок.

После многуте неискористени шанси на Манџукиќ, хрватскиот фудбалер на Јувентус во 53-та минута со глава ја затресе мрежата на Скоруспки.


Mandzukic GOAL (1:0) Juventus vs Empoli by sportscope

Алекс Сандро во 65-та минута од натпреварот го зголеми водството на Јувентус, 2:0.


Goal Alex Sandro (2:0) Juventus vs Empoli by ylberenexhipi

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, а Јувентус победи, 2:0.

Бјанконерите после денешната победа остануваат лидери со 10 бода повеќе од второпласираната Рома која натпреварот од 26-то коло го игра утре и 12 бода повеќе од Наполи кој е трет.