„Имаме искуство за да ја освоиме титулата во ПЛ!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Матиќ верува дека неговиот тим е во предност да го освои трофејот во ПЛ, затоа што пред 2 години ја освоија титулата во ПЛ.

„Сега имаме искуство од сезона во која бевме шампиони. Ни помага 2015-та година. Знаеме дека мора да го одиграме секој натпревар како да е последен. Не смееме да губиме бодови.“

„Видовте и против Свонси, бевме многу подобри, но тие постигнаа 1 гол и беше тешко да се победи.“

Челси е прв на табелата со 63 бодови, 7 повеќе од Тотенхем.

Вечерва Челси игра против Вест Хем од 21 часот.