Ромањоли добива нова улога, во дербито почнува и Сусо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Винченцо Монтела пробува нови формации и тактики пред дерби дуелот со Јувентус.

Утре од 20:45 часот на програмата е големото дерби на италијанскиот фудбал, а се среќаваат Јувентус и Милан на стадионот на Јувентус.

Домаќинот е благ фаворит, но секако и дека Милан гледа своја шанса поради тоа што Јувентус ќе мора да игра без Квадрадо и Киелини.

Милан во мечот ќе тргне најверојатно во формација 4-3-3 поради тоа што таква стратегија се применуваше на последните тренинзи на Винченцо Монтела.

Најверојатно ќе се врати Сусо, после повреда, додека Ромањоли може да добие нова улога во тимот.

Тој денеска на тренингот е тестиран како лев бек, додека Запата и Палета играа стопери.

Тоа што е сигурно, е дека Милан ќе настапи во дербито без Абате, Бонавентура и Монтоливо, како и Хонда кој дефинитивно го напушта клубот.