Драма на крајот на натпреварот, Дибала со гол од пенал му донесе 3 бодови на Јувентус!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вечерва се одигра дерби натпревар во Серија А помеѓу Јувентус и Милан.

Првата посериозна шанса на натпреварот ја имаше Пјаца кој испрати одличен удар од работ на казнениот простор, но Донарума брилијантно успеа да одбрани.

Во продолжение на акцијата, Кедира прв стигна до одбиената топка, но неговиот удар беше изблокиран.

Доминацијата на Јувентус продолжи во 10-та минута со одличен удар на Дибала, повторно од работ на казнениот простор, но повторно Донарума застанува на патот до голот и го одбрани неговиот удар.

Во 24-та минута уште едно возбудување. Игуаин имаше добар удар кон левиот долен агол, но Донарума повторно успеа да одбрани.

Првиот гол падна во 30-та минута кога Бенатија се најде во идеална позиција и со моќен удар успеа да го донесе Јувентус во водство од 1:0.

Јувентус повторно имаше шанса во 35-та минута преку Кедира, но тој не успеа да погоди.

Во 43-та минута Милан имаше одлична контра-напад и одличната асистенција на Делуфеу ја претвори во гол Бака кој го израмни резултатот на 1:1.

Во 51-та минута Пјаниќ имаше добар слободен удар, но Донарума повторно брани.

Пјаниќ повторно се обиде да се закани кон голот на Милан, но благодарение на Донарума топката заврши во пречката и отиде во корнер.

Окампос во 69-та минута се закани кон голот на Јувентус, но за жал топката заврши надвор од рамките на голот.

Во 74-та минута Донарума повторно сензационално успеа да го обрани својот гол.

Во 92-та минута Соса направи прекршок и доби втор жолт картон.

во 94-та минута Игуаин имаше одлична шанса, но Донарума повторно брилијантно успеа да го одбрани својот гол.

Видовме вистинска драма во последните секунди од натпреварот кога Јувентус доби пенал кој го искористи Дибала и постигна гол за 2:1 и победа на Јувентус во големото дерби.