Академија Пандев лесно до победа против Металург, Скопје го победи Новаци, Вардар Неготино и Тетекс ремизираа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одиграа три натпревари од втората македонска фудбалска лига.

Академија Пандев го победи Металург со 2:0.

После три минути игра Сашко Пандев погоди за водство на неговиот тим. Во второто полувреме Љупчо Дориев ги постави конечните 2:0.

Скопје на домашен терен беше подобар од Новаци, 2:1.

Дарио Десниќ во 30-та минута му донесе водство на Скопје. Новаци во второто полувреме преку Христијан Грозданоски го израмнија резултатот. Шест минути подоцна Филип Колеќески му ја донесе победата на Скопје, 2:1.

Вардар Неготино и Тетекс одиграа без победник, 0:0.

 

Табела:

1.Академија Пандев 43 бода
2.Скопје 30
3.Еуромилк 26
4.Новаци 25
5.Металург 23
6.Хоризонт Турново 19
7.Велазерими 15
8.Вардар Неготино 14
9.Тетекс 13
10.Тиквеш 10