Ристовски: Можевме подобро со Молдавија, ни треба победа против Црна Гора


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски кажа дека Македонија морала да одигра подобро против Молдавија на пријателскиот меч во Анталија.

Македонија на 25 март ќе одигра уште еден пријателски меч во Турција, и тоа со Црна Гора.

„Одигравме добар меч, имавме контрола, но не победивме поради невнимание во финишот. Против Црна Гора нè очекува тежок натпревар. Секогаш сум самокритичен, сметам дека мора да дадеме повеќе на терен. Така требаше да биде и со Молдавија“, кажа Ристовски.