Суперлига – Куманово се избори за продолжение и го победи Кожув


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Куманово го победи Кожув во натпревар од суперлигата, 108:103.

После три минути игра во првата четвртина резултатот беше израмнет, 9:9. Со тринаесет поени во низа на кошаркарите на Кожув стигнаа до двоцифрена предност, 9:22. Крстевски зголеми на плус 17 за гевгеличани, 12:29. Мијовиќ и Мек Нил погодија за 14:35. Караџовски постигна четири поени во низа за 19:37 после десет минути игра.

На почетокот на втората четвртина Караџовски и Живановиќ намалија на 13 негатива, 24:37. Јанески постигна шест поени во низа за 34:44. Пековиќ, Живановиќ и Караколев намалија на едноцифрена негатива, 41:48. До крајот на првото полувреме Мијовиќ погоди две од три слободни фрлања за 41:50.

Кумановци фуриозно ја почнаа третата четвртина. Јанески и Караџовски му донесоа водство на Куманово, 53:52. Јанески и Караколев постигнаа пет поени во низа за 62:58. Куманово со двата поени на Караџовски и трите на Браун зголемија на осум поени предност, 67:58. Мек Нил и Хал постигнаа девет поени за негатива од два поени во последните десет минути од натпреварот, 70:68.

Мек Нил и Хал му донесоа водство на Кожув, 78:80 на пет минути до крајот на натпреварот. Хал и Мек Нил погодија две тројки во низа за 81:86. Пековиќ постигна четири поени во низа за израмнување на резултатот, 88:88. Мек Нил пред четири секунди пред крајот на натпреварот го фаулираше Браун кој доби три слободни фрлања. Кошаркарот на Куманово ги погоди сите три слободни фрлања и го однесе натпреварот во продолжение, 95:95.

Три минути пред крајот на продолжението Живановиќ погоди тројка за 101:98. Kараџовски и Пековиќ постигнаа шест поени во низа, 107:100. Куманово на крајот победи со 108:103.

Јанески го предводеше Куманово со 29 поени. Караџовски додаде 21, Пековиќ 15, Живановиќ 14, а Караколев 11 поени. Кај Кожув најефикасен беше Мек Нил со 31 поен. Хал постигна 23, Мијовиќ 17, Крстевски 15, а Ѓурасовиќ 13 поени.