Бетис убедливо поразен од Гран Канариа – Скромни пет поени на Војдан Стојановски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Гран Канариа го победија Бетис во натпревар од 24-то коло во АЦБ лигата, 70:89.

Гостите во првата четвртина стигнаа до двоцифрена предност, 11:21. Бетис со неколку поени во серија се врати резултатски во натпревари и после првата четвртина имаше само три поени негатива, 19:22. Доминација на кошаркарите на Гран Канариа во втората четвртина. Постојано ја зголемуваа предноста која на полувреме изнесуваше 17 поени, 32:49.

Домашните кошаркари во третата четвртина ја спуштија негатива на едноцифрена, 47:56, но до крајот лошо и во последните десет минути од натпреварот имаа негатива од 17 поени, 49:66. Во последната четвртина гостите ја одржуваа големата предност и на крајот победија со 70:89.

Куриќ ја предводеше Гран Канариа со 15 поени. Кај Бетис најефикасен натпреварот го заврши Локет со 18 поени. Македонскиот кошаркар во тимот на Реал Бетис, Војдан Стојановски постигна 5 поени.

15-ти пораз оваа сезона за Реал Бетис и Војдан Стојановски.