Ниту капитенската лента не помогна – Несторовски и Палермо убедливо поразени од Рома (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома го победија на гости Палермо убедливо во натпревар од 28-мо коло во Серија А, 0:3.

Несторовски во петата минута ја затресе мрежата на Шчесни, но помошникот го дигна знаменцето. Шарави после дваесетина минути игра му донесе водство на римската волчица.


0-1 El Shaarawy S. Goal HD – Palermo 0-1 AS… by gooooooooooal

Во второто полувреме Един Џеко зголеми на 0:2. Конечните 0:3 ги постави Бруно Перес во судиското продолжение од второто полувреме. Несторовски ги одигра сите 90 минути, а Трајковски не настапи на денешниот натпревар.


Edin Dzeko Goal HD – Palermo 0-2 AS Roma – 12… by Super-By


Bruno Peres Goal HD – Palermo 0-3 AS Roma – 12… by FranceCup3

Рома се врати на втората позиција со осум бода помалку од лидерот Јувентус. Палермо е на 17-та позиција со 7 бода помалку од Емполи кој е на 16-то место, а тоа е место кое обезбедува опстанок во Серија А.