Вардарки во април ќе играат против Митиланд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардарки за противник во 1/4 финалето во ЛШ ќе го имаат дански Митиланд, а денес беше одреден и датумот на одигрување.

Вардар влезе како првопласиран во четвртфиналето, па ќе има чест во реваншот да биде домаќин. Првиот натпревар помеѓу Вардар и Митиланд ќе се одигра на 9-ти април во Данска, а реваншот е закажан за на 15-ти април во Скопје. Ф4 турнирот ќе се одигра во Будимпешта во мај.

Данскиот клуб има играно на Ф4 турнирот против Вардарки каде загуби од нив со 34:31. Исто така имаат играно и во главната фаза, Вардар победи во Скопје, а Митиланд во Данска.