Работнички подобар во дербито од Силекс, петарда за лавовите од Вардар, победа и за Шкендија, европскиот Пелистер падна во Тетово


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одиграа сите пет натпревари од 23-то коло во првата македонска фудбалска лига.

Шкендија ја победи на гости фенерџијата Брегалница, 1:3.

Бесарт Ибраими му донесе водство на гостите во второто полувреме. На 0:2 зголеми Бесарт Абдурахими дваесетина минути пред крајот на натпреварот. Иван Челиковиќ заработи црвен картон и гостите остана со 10 фудбалери на теренот. Горан Здравков од пенал намали на 1:2. Резервата Арменд Алими ги постави конечните 1:3 пред самиот крај на натпреварот.

Македонскиот шампион и лидерот на табелата, Вардар убедливо победи на гости кај Македонија Ѓорче Петров, 0:5.

Горан Попов после шеснаесет минути игра му донесе водство на вардарци. Ховханес Хамбарџумјан осум минути подоцна зголеми на 0:2. Во период од пет минути во второто полувреме Тигран Барсегјан и Дејан Блажевски погодија за 0:4. Стефан Спировски ги постави конечните 0:5.

Победа која за прв пат денес играше на стадионот во Прилеп ремизираше против Шкупи, 1:1.

Во 31-ва минута Димитрија Лазаревски му донесе водство на чаирчани. Суат Зендели постигна автогол во второто полувреме за конечни 1:1.

Работнички на домашен терен го доби дербито против Силекс, 2:0.

Двата погодоци беа постигнати во второто полувреме. Горан Силјановски и Суад Сахити во период од седум минути ги поставија конечните 2:0.

Ренова на домашен терен го победи Пелистер, 2:1.

Арѓент Гафури му донесе водство на гипсарите во првото полувреме. Резултатот го израмни Лукас Фереира Кардосо во 54-та минута. Две минути пред крајот на натпреварот Стојанчо Велинов му донесе победа на Ренова и ги постави конечните 2:1.

 

ТАБЕЛА:

1. Вардар 53 бода
2. Шкендија 47 бода
3. Работнички 39 бода
4. Пелистер 36 бода
5. Ренова 31 бод
6. Силекс 31 бод
7. Шкупи 22 бода
8. Победа 20 бода
9. Македонија Ѓорче Петров 16 бода
10. Брегалница 12 бода