Јунајтед повеќе не е шести – Ѓаволите на Риверсајд подобри од Мидлзбро (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на Риверсајд го победија Мидлзбро во натпревар од 29-то коло во ПЛ, 1:3.

Голманите на двата клуба беа на висина на својата задача во првите половина час игра. Фелаини во 30-та минута постигна погодок со глава за водство на црвените ѓаволи.

Во 62-ра минута Лингард го зголеми водството на Манчестер Јунајтед.

Дваесетина минути пред крајот на натпреварот резервата Гестеде постигна погодок за 1:2.

Конечните 1:3 ги постави Валенсија пред крајот на натпреварот.

Манчестер Јунајтед после денешната победа ќе се искачи на петтата позиција со три бода помалку од Ливерпул исто така и натпревар помалку од црвените.