Квадрадо донесе победа на Јувентус, Јувентус на чекор до нова титула


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пет натпревари од 29 коло се одиграни во попладневниот термин, а треба да се издвои победата на Јувентус над Сампдорија.

Еден гол на торинската Стара дама беше доволен за победа во овој меч, а постигнат веќе во седмата минута.

Погоди Хуан Квадрадо за предност од 1:0, а и покрај голем број на шанси до крајот резултатот не се менуваше и новата титула е се поблиску до Торино.

Лацио остана без победа во дуелот со Каљари.

Небесно сините одиграа меч без победник (0:0), а Фиорентина како гостин го совлада Кротоне со 1:0. Аталанта со 2:0 ја победи Пескара со 3:0, додека Болоња го совлада Киево 4:1.

Серија А, 29 коло: Аталанта – Пескара 3:0, Болоња – Киево 4:1, Каљари – Лацио 0:0, Кротоне – Фиорентина 0:1. Сампдорија – Јувентус 0:1.