„Лојалноста на Венгер е поважна од парите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Ектор Бељерин изјави дека лојалноста на тренерот Арсен Венгер му е поважна од понудата.

Бељерин во Арсенал стигна во 2013 година и е стандарден член на првиот состав, иако во своите редови го сакаат гиганти како Барселона и Манчестер Сити, но нема причина за грижи.

„Лојалноста на Венгер е поважна од парите. Тоа е нешто што ми е многу важно“, рече Бељерин, чија изјава ја пренесоа англиските медиуми, а потоа додаде:

„Секој играч е поласкан ако Барселона го бара бидејќи е тоа најдобриот клуб на светот. Слушнав и дека ме сака Манчестер Сити. Ако вас тренер како Гвардиола ве бара, тоа тогаш значи дека работите добро“, истакна Бељерин.

Дека Бељерин е максимално сконцетриран на Арсенал зборува и тоа што во ноември минатата година потпиша повеќегодишен договор со Топџиите.