Куманово поразен од Пеќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Пеќ го победија Куманово на домашен паркет во првиот полуфинален натпревар во БИБЛ, 83:79.

Весели и Рандлс погодија за 5:0. Кумановци постигнаа девет поени во серија, 5:9. Били и Мијаниќ со две тројки во низа го вратија водството на Пеќ, 11:9. Домашните преку Рандлс и Били зголемија на плус шест, 18:12. После првите десет минути игра Пеќ имаше водство од шест поени, 20:14.

На почетокот на второто полувреме Пеќ стигна до двоцифрено водство, 25:14. Куманово со пет поени во низа намалија на четири негатива, 34:30. На полувреме домашните заминаа со водство од шест поени, 38:32.

Кумановци на почетокот на третата четвртина го презеде водството, 38:39. Пековиќ и Браун зголемија на плус три, 40:43. Рандлс и Абрамовиќ му донесоа водство на Пеќ, 48:45. Во последните десет минути од натпреварот Пеќ влезе со предност од три поени, 57:54.

Во последната четвртина Пеќ повторно стигна до двоцифрена предност. На крајот кошаркарите на Пеќ победија со 83:79.

Абрамовиќ го предводеше Пеќ со 22 поени. Кај Куманово најмногу се истакна Браун со 33 поени. Живановиќ натпреварот го заврши двоцифрен со 11 поени.