Хаман се прашува: Како Бејл не е исклучен?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Герет Бејл без сомнеж е еден од најдобрите фудбалери на светот.

Сепак, неговото однесување на натпреварот Велс и Република Ирска во квалификациите за СП беше навистина срамотно.

Бејл во овој меч доби жолт картон и суспендиран за наредниот меч од квалификациите против Србија на 11 јуни во Белград.

Стартот на Бејл над Џон О`Ши беше навистина брутален и фудбалерот на Реал поради него доби жолт картон.

Неколку минути подоцна Нил Тејлор ја скрши ногата на Шејмус Колман во навистина неверојатен старт и така ја загрози кариерата на одличниот фудбалер.

Многу некогашни фудбалери тврдат дека и Бејл требаше порано под туш поради стартот.

Се огласи и поранешниот фудбалер Дитмар Хаман.

„Како Бејл не доби црвен картон поради ова? Судијата беше одличен, но овде погреши“, смета Хаман, и додаде:

„За морони кои ми зборуваат  дека Бејл одеше на топка.  О`Ши имаше среќа“, напиша Хаман и постави фотографија од стартот на велшкиот фудбалер.

Бејл сепак е казнет само со жолт картон и  него публиката во Белград на мечот против Србија нема да го гледа.