По хаосот во Бразил: Селекторот на Аргентина ги шокира навивачите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Бразил и Аргентина го одбележа голема драма, а по истиот следеше загрижувачка порака од селекторот Лионел Скалони.

Скалони од Аргентина создаде најдобра репрезентација во светот, откако ја освои копа Америка, а потоа и Светското првенство.

Секоја победа на Аргентина против Бразил може да се смета за историска, но Скалони најави заминување од кормилото и тоа ги шокираше навивачите.

„На Аргентина ѝ треба тренер со соодветна енергија. Ќе разговарам со играчите и главните луѓе во фудбалскиот сојуз. Во овој момент размислувам за многу работи“, вели Скалони.