Втор пораз за Академија Пандев во низа, победа за Новаци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одиграа сите пет натпревари од 18-то коло во втората македонска фудбалска лига.

Академија Пандев загуби од Хоризонт Турново со 1:3.

Јани Атанасов во судиското продолжение од првото полувреме му донесе водство на Академија Пандев. Даниел Радојчиќ го израмни резултатот во второто полувреме. Во период од две минути Александар Василев и Даниел Радојчиќ ги поставија конечните 1:3.

 

Новаци победа на гостувањето кај Тиквеш, 0:2.

Благоја Наумоски и Христијан Лавуровски во првото полувреме ја обезбедија победата на новачани.

 

Вардар Неготино на домашен терен минимално го победи Скопје, 1:0.

Петар Најдов погоди за победа на Вардар Неготино.

 

Велазерими на гости беше подобар од Металург, а Еуромилк и Тетекс ги поделија бодовите, 0:0.