Рендолф уште три години во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Америчкиот крилен центар се договори за продолжување на соработката со кралскиот клуб.

Добри вести за навивачите на Реал чие раководството се обидува да ја сочува иднината. Америчкиот крилен центар, Ентони Рендолф се согласи за нов тригодишен договор. Финансиските детали не се познати, но наводно постои излезна клаузула за во НБА, но таа ќе биде активна само во летото 2018-та година.

Во досегашниот тек од сезоната Рендолф игра многу добро во дресот на Реал. Просечно бележи по 10.7 поени, 5.3 скока и 1.1 блок по евролигашки натпревар.

Рендолф стигна во мадридскиот клуб минатото лето од Локомотив Кубан со кој играше на Ф4 во Берлин.

Тој има и НБА искуство бидејќи од 2008-ма до 2014-та година играше за четири клуба. Прво за Голден Стејт, после за Њујорк, Минесота и Денвер.