Венгер има порака за своите играчи, а се однесува на неговата иднина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал Арсен Венгер наложи на своите фудбалери да се концетрираат на натпреварувањето и да не ја користат неизвесноста околу неговата иднина како изговор да не ги исполнуваат задачите на теренот.

На Венгер на лето истекува договорот со Арсенал, па така новинарите постојано го прашуваатг за иднината.

Тој зборуваше дека му е „многу јасно“ што сака да работи, но не сакаше да зборува јавно за тоа. Во разговор со новинарите изрази грижа за паѓањето на клубот во првенството, најлошо откако е тој во Премиер лигата, поради тоа што клубот загуби четири од последните пет мечеви, па така неделниот дуел со Манчестер Сити е од клучно значење.

„Дали мојата ситуација предизвикува нестабилност? Не. Приоритет секогаш е да се концетрираме на важи работи, е не да бараме изговори. Резултатите моментално не се такви какви што сакаме, но мораме да се погрижиме приоритет да ни биде тоа што се случува на терен. Ако те професионалец значи да имате добри настапи на теренот, а не да барате изговор таму каде што мислите дека го нема“, рече Венгер, а пренесоа англиските медиуми.

Неговиот тим во минатото коло загуби од Вест Бромвич со 3:1, после што стигна репрезентативната пауза. Венгер рече дека неговите играчи имаа „јалов посед“.

„Имавме јалов посед, 70 %, но ништо не работевме со тоа, но требаше да биде доволно да создадеме шанса. Имавме два шута на гол. Играчите можеби веќе со мислите беа со репрезентацијата или го потценија ривалот? Тешко е да се каже, но се служувам дека нешто недостасуваше“, рече Венгер.

Освен тренерската иднина во клубот, уште една тема е иднината на првата ѕвезда на екипата Алексис Санчез.

На Чилеанецот договорот истекува на лето 2018 година, а го бараат многу клубови, меѓу кои и Челси, градскиот ривал на Арсенал.

Напаѓачот во средата изби во центарот на вниманието кога рече дека е “Среќен во Лондон“, бидејќи и дека сака да остане на “едно место, во еден град“, каде што тимот ќе се бори за титула.

„Јас го толкувам на многу позитивен начин: Постои само еден клуб во Лондон, па така тој е среќен. Вистина е дека порано бевме во финансиска ситуација кога моравме да ги продаваме своите најдобри играчи, а тоа повеќе не е случај. Санчез има уште година и пол од договорот и мислам дека неговата иднина не е моментално најважна за фудбалскиот клуб Арсенал“, рече Венгер.