Ремизираше Академија Пандев, Новаци загуби од Тиквеш


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одиграа сите пет натпревари од 20-то коло во втората македонска фудбалска лига.

Хоризонт Турново го победи Металург на домашен терен, 3:1.

Томислав Илиев му донесе водство на Хоризонт Турново во деветата минута. Пред крајот на првото полувреме Томе Јанев зголеми на 2:0. Марио Крстовски го постигна третиот погодок во мрежата на Металург, а конечните 3:1 ги постави Мустафа Јусуф.

 

Тетекс на домашен терен минимално го победи Еуромилк, 1:0.

Марјан Билбилоски го постигна победничкиот погодок за Тетекс.

 

Тиквеш на домашен терен беше подобар од Новаци, 2:1.

Наумче Бакрачески погоди во четвртата минута за водство на Тиквеш. Кирил Степановски израмни, а во судиското продолжение од првото полувреме Мартин Никовиќ го врати водството на Тиквеш кое го задржа до крајот на натпреварот.

 

Вардар Неготино и Скопје ги поделија бодовите, 1:1.

Влатко Коцев во второто полувреме му донесе водство на домашните. Шест минути подоцна Алексо Новески ги постави конечните 1:1.

 

Велазерими и Академија Пандев ремизираа, 1:1.

На почетокот на второто полувреме Мргим Дани погоди за радост на домашните навивачи. Конечните 1:1 ги постави Даниел Миловановиќ.