Извлечени четвртфиналните групи во купот на Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одржа ждребот за четвртфиналните групи во купот на Македонија во машка конкуренција.

Четвртфиналните групи ќе се играат на 22-ри и 23-ти април. Четирите победници на групите ќе се пласираат на Ф4 кој ќе се игра од 19-ти до 21-ви мај.

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 1 – Организатор РК Металург
Полуфинални натпревари:
РК Пролет 62 – РК Металург
РК Македонија ЃП – РК Прилеп 2010

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 2 – Организатор РК Охрид 2013
Полуфинални натпревари:
РК Работнички – РК Струга
РК Охрид 2013 – РК Металург 2

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 3 – Организатор РК Еурофарм Работник
Полуфинални натпревари:
РК Пелистер – РК Вардар Јуниор
РК Младост 09 – РК Еурофарм Работник

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 4 – Нема организатор
Полуфинални натпревари:
РК Вардар – ГРК Борец
РК Радовиш – РК Вардар 2