Проблеми за Рома пред мечот со Аталанта


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лучијано Спалети се најде во проблеми пред натпреварот од 32. коло од Серија А против Аталанта.

Рома се надева на кикс на Јувентус и победа на сите свои натпревари до крајот на сезоната доколку ја сака титулата.

Прва пречка е Аталанта, ама Спалети се наоѓа во проблеми бидејќи Де Роси е под знак прашалник за истиот натпревар.

Де Роси наводно се повредил на денешниот тренинг и нема да тренира со тимот утре а дали ќе настапува сеуште не е познато.