Машината за голови погодува од секоја позиција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе е главна ѕвезда на екипата на Монако.

Овој 18-годишен немилосрдно во оваа сезона ги тресе противничките мрежи, а денеска погоди и во победата против Тулуз од 3:1.

Мбапе погоди за предност од 2:1 и тоа на каков начин.

Го погоди блискиот агол на голманот и покажа уште еднаш дека за него не постои тешка позиција за постигнување на гол.

Томас Лемар подоцна ја потврди победата на Монако, а Мбапе стигна до 14 првенствен гол во оваа сезона.

Вистинска машина за голови и не е никакво чудо што за него лудуваат најголемите европски клубови.

Сигурно е дека неговиот трансфер во иднина ќе биде еден од најголемите во фудбалската историја, а засега вреди секое евро колку што Кнежевците го ценат.


Kylian Mbappe Goal HD – Monaco 2-1 Toulouse 29… by dailyfootballkick